„ТРУБИТЕ НА АПОКАЛИПСАТА“: Страшните звуци се слушаат ширум планетата (ВИДЕО)

736

Минатиот месец во три различни краишта на светот – над Минхен, Германија, Џорџтаун, Малeзија и во американскиот Далас, во сите три случаи ноќе, се слушнале загадочни бучави, што наликуваат на нешто меѓу звук на огромна труба и крик на животно.

„Трубите на Апокалипсата”, како што ги нарекуваат теортичарите на заговор, последниве години се почесто се слушаат на различни точки на планетата, но никој не знае за сигурно кој е изворот. Претпоставките говорат дека се работи за далечен звук на возови, или пак, на слонови, којшто се пренесува во воздухот, или за подземни тектонски движења итн., но ниедна теза засега не е потврдена.

Други пак, говорат за сигнали од посетители од Вселената, и за крик од непознато океанско чудовиште…

Звуците најчесто се слушаат ноќе, и тоа во радиус од десетици километри, а како и секогаш, има и такви кои се повикуваат на библиските пророштва, коишто велат дека се ближи крајот на светот и појавата на Антихристот.

Сепак, „Трубите на Апокалипсата” светот ги слуша веќе две десетлетија, па Судниот ден уште не дошол. Така што веројатноста – оваа теорија да е точна е, исто така прилично мала.