„ТРУСТ“: Рочиштето одложено за 20 февруари, се разболела адвокатката

24

Судењето за случајот „Труст“ што требаше да продолжи денеска во Кривичниот суд, е одложено за 20 февруари поради отсуство на еден од адвокатите на обвинетите.

Адвокатката Сања Алексиќ поради болест била оправдано отсутна од рочиштето.

Во „Труст“ првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан, како и две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ, за учество на тендер на Електрани на Македонија.

На денешното рочиште требаше да бидат презентирани доказите на одбраната, по што се очекуваат завршните зборови и пресудата.

Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.

Предметот, како што објави СЈО, е оформен врз основа на три прислушувани разговори, од кои два необјавени во јавноста од 3.8.2011 и 6.10.2011 година.