Уапсен соработник на Спасовски

190
Lisici_uapsen

Висок функционер во Министерството за внатрешни работи е приведен попладнево под сомнение за злоупотреба на службена положба, објави МИА, повикувајќи се на полициски извори.

По налог на Основното јавно обвинителство денеска од слобода е лишен Д.С., вработен во кабинетот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, под сомнение за сторено кривично дело по член 353 од Кривичниот законик – злоупотреба на службена положба и овластување, наведува МИА.

Тој бил приведен вчера попладне во полициската станица Кисела Вода.