Уапсен црногорски политичар

50

Еден од лидерите на опозицискиот Демократскиот фронт, Небојша Медојевиќ, е уапсен синоќа, јавуваат локалните медиуми.

Црногорскиот пратеник е уапсен по налог на Вишиот суд во Подгорица во предмет формиран против него поради тврдење за примање и давање мито, без одземање на пратеничкиот имунитет, по што бил спроведен во Заводот за извршување на кривични санкции.

-Вишиот суд во Подгорица за Медојевиќ одреди притвор во времетраење до два месеци бидејќи одбил да сведочи во предмет формиран во Специјалното државно обвинителство поради јавно изречени тврдења на ова лице дека наводно знае дека на поранешниот градоначалник на Подгорица нема да му биде одреден притвор бидејќи главниот специјален обвинител примил мито во износ од 100.000 евра, соопштено е од Управата на полицијата.