Убиен поранешен НБА кошаркар кој играше и во Европа

1146

Поранешниот НБА кошаркар, Андре Емет, е убиен во неделата во Далас. Кошаркарот бил убиен од две непознати лица кои го пукале додека тој седел во својот автомобил пред неговиот стан.

Полицијата во Далас потврди дека  се уште се трага по сторителите на убиството на кошаркарот кој неодамна станал татко.

Емет во 2004 година беше 35. пик на драфтот и беше избран од Сиетел Суперсоникс, но во НБА лигата за прв пат заигра за Мемфис Гризлис. Во 2012 година го носеше дресот и на Њу Џерси Нетс, а во кариерата промени многу клубови ширум светот.

Играше и во Европа, а последен негов клуб беше порториканскиот Капитанес де Аречибо.