УНИКАТНО, УРБАНО И УБАВО: Ања Ветерова-матурантка во шик креација (ВИДЕО/ФОТО)

552

Пејачката Ања Ветерова (18), оваа година е матурантка. На денот на матурската прослава таа објави фотографија на „Фејсбук“ при што го привлече вниманието на медиумите со својата впечатлива креација. Ветерова одбра креација на македонскиот бренд „Bianca Sposa“(Бјанка Споса), односно циклама масивно здолниште со карнери искомбинирано со урбана бела маица со дијамнти.

-Сакав нешто различно, уникатно…во консултација со дизјанерката одбравме дека оваа комбинација одлично ќе ми прилега на мојот стил, но и сензибилитет-вели Ања за РипостМК.

Со соучениците Ања се забавувала во хотелот „Александар Палас“, а нејзината приватна забва за роднините и пријателите била во ресторан „Уранија“.

Пејачката заврши во меѓународната гимназија „Нова“, а своите студии ќе ги продолжи во Америка, поточно во еден од најпознатите светски факултети за музика, бостонскиот колеџ „Беркли“.

Да се потсетиме на тоа кога Ања беше мало девојче со една многу популарна песна.

Инаку, таа на јавноста и е позната и по тоа што во 2010 година нè претставуваше на детската „Песна за Евровизија“ со песната „Еооо, еооо“.