УХМР: Од денеска непрестанато ќе врне дожд

232

Времето денеска ќе биде претежно облачно и нестабилно со врнежи од дожд, особено во западните делови. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. На места врнежите ќе бидат обилни, локално и во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и со услови за појава на град. Т-мин. од 7 до 14 а т-макс. од 14 до 22 степени.

Во Скопје, облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Т-ра 13 / 20 степени.

Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд, на места обилни, локално и во форма на невреме со грмежи и засилен ветер.

Во среда времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмежи, локално и во форма на невреме.

Слично време не очекува и во четврток кога времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален дожд и грмежи.
УХМР предупредување!

Денес и во наредните денови времето ќе биде претежно облачно и нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд (над 50 л/м2, а во крајните западни и југоисточни делови и над 70 л/м2 за целиот период). Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град.