Федерер го пропушта „Роџерс купот“

273

Роџер Федерер се откажа од учество во „Роџерс купот“ кој започнува на 6 август во Торонто. Швајцарецот не сака да се преоптоварува и да ја продолжи неговата кариера што е можно подолго.

– Распоредот е клучот за мојата долговечност. Решив да се повлечам од турнирот во Торонто за оваа година. Жалам, што ќе го пропуштам, изјави Федерер, кој го зазема второто место на светската АТП листа.

Триесет и шест-годишниот тенисер ќе игра на турнирот од сериите „Мастерс“ во Синсинати, кој почнува од 12 август. Две недели по ова стартува Ју Ес Опен. Швајцарецот има рекордни седум трофеи од турнирот во Синсинати.