Фетел со страшен круг на шпанската патека „Каталонија“

80

Себастијан Фетел и „Ферари“ упатија порака кон конкуренцијата со рекордно брзиот круг што Германецот го забележа во  четвртиот ден од втората серија предсезонски тестови на шпанската патека „Каталонија“ крај Барселона.

Со хипермеките гуми на „Пирели“, четирикратниот светски шампион заврти најбрз круг уште пред паузата за ручек, за 1:17.182 минути, со што го остави својот најблизок конкурент на повеќе од секунда заостанување.

Фетел, исто така, беше недостижен и во однос на поминатите тест километри, откако забележа огромна серија кругови (188) без никакви технички проблеми. Само Макс Верстатин му конкурираше на Себ по овој показател со 187 круга. Холандскиот пилот на Ред Бул, сепак не покажа брзина денеска и остана претпоследен на 12-тата позиција.

Изненадувачки, возачот на Хас, Магнус Ериксон беше втор. Пласманот зад Фетел беше пополнет од пилоти на помалите тимови, откако Луис Хамилтон остана едвај деветти и дури клубскиот колега во Мерцедес – Валтери Ботас беше побрз од Британецот со осмо време.

 

Првите десет ги комплетираа Роберт Кубица како резервен пилот на Вилијамс. Полјакот денес извози 73 круга.

Стофел Вандорн го израдува тимот на Мекларен со цели 151 круга, што е вистинско достигнување за британскиот тим, кој повтоорно се соочува со технички проблеми за време на тестовите пред почетокот на сезоната.