ФЛОРИДА: Ураганот „Доријан“ донел пакети со кокаин (ВИДЕО)

71

Ураганот „Доријан“ донесе вчера силен ветар и дожд на брегот на Флорида, но и нешто неочекувано – пакети со дрога, јавуваат американските медиуми.

Од полицијата во градот Мелбурн на Флорида изјавија дека сомнителни пакети почнале да се појавуваат на плажите при невремето.

Полицијата во близина на плажата Кокоа нашла 25 килограми кокаин, а потоа покрај плажата Парадајс бич парк бил најден уште еден пакет тежок еден килограм. На пакетот пишувало „Дијамант“.

Ураганот „Доријан“ неделава предизвика огромна штета на Бахамите, а бројот на загинати се искачи на 20. Обединетите нации соопштија дека на 70.000 луѓе им е потребна итна хуманитарна помош. Најтешко погодени се островите Грејт Бахама и Абако. Ураганот вчера стигна до Флорида, но во однос на претходните денови е значително ослабен.