Фразата „го браниме името“ не соодветсвува со реалноста, вели ДИМИТРОВ

397
Nikola_dimitrov

Површните фрази од типот „Го браниме името“ не соодветствуваат со реалноста, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21. Тој се осврна на средбите во Грција и откри што се очекува од медијаторот Метју Нимиц.

– Факт е дека меѓу нас има уште разлики и ќе видиме дали ќе биде можно тие разлики да ги надминеме. Многу е важно за Грција да има појасна дистинкција меѓу државата Македонија и регионот Македонија во Грција. За нас е многу важно да нема никаков сомнеж во идентитетските прашања и многу е важно да најдеме достоинствен начин, изјави синоќа шефот на македонската дипломатија, додавајќи дека површните фрази од типот „Го браниме името“ не соодветствуваат со реалноста.

Според него предлогот на Нимиц нема да биде „Земи или остави“, туку предмет на консултации, а решението мора да биде достоинствено.