Франција ќе нападне објекти во Сирија кои се користат за хемиски напади

143

Франција е подготвена да нанесе прецизни удари против секој објект во Сирија кој се користи како база за хемиски напади, од кои смртно страдаат цивили, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.

Непосредно пред разгледувањето на ситуацијата во Сирија во ОН, Макрон истакна дека Москва – близок сојузник на Владата на сирискиот претседател Башар ал Асад, не прави доволно за обезбедување на пристап на хуманитарна помош во Источна Гута.

Прашан за сирискиот конфликт на прес-конференција во Индија, каде е во посета, Макрон рече дека Франција ќе биде подготвена да нанесе удари, ако заедно со американските партнери добие несоборливи докази дека се користи хемиско оружје за убиства.

– Ние ги споредувме нашите информации со оние на нашите сојузници, но нека биде јасно дека имаме и независни можности да идентификуваме цели и да нанесуваме удари таму каде што е потребно, истакна францускиот претседател.