Фудбалерот на Интер со драматична промена на изгледот

30

Ешли Јанг оваа зима премина од Манчестер Јунајтед во Интер за сума од 1.5 милиони евра, а доколку задоволи, има услов да го продолжи договорот на уште една сезона.

34 годишниот фудбалер брзо се вклопи во тимот од „Џузепе Меаца“, а за време на изолацијата, Јанг драстично го промени својот изглед.

Клубот од „Меаца“ минатата недела почна да тренира откако тоа им беше дозволено на сите екипи во Италија, и можеше да се види промена кај Ешли Јанг.

Англискиот фудбалер беше скоро непрепознатлив за фановите, бидејки тој повеќе не е ќелав и дека сега има коса. Дефинитивно куќната изолација промени многу работи, па и изгледот на играчите.