Фудбалер на Реал избегал од карантин и тајно заминал на роденден кај девојката во Белград

326

Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ го напуштил карантинот во Мадрид за да биде со девојката во Белград за нејзиниот роденден и го загрозил здравјето на сите околу него.

Карантинот и самоизолацијата поради пандемијата на коронавирусот почна да дејствува на психата на фудбалерите кои почнаа да прават неверојатно глупави работи.

Најглупавиот потег го направи фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ, кој ја прекршил клупската наредба да остане во самоизолација и од Мадрид си дошол во Белград.

Причината е бизарна, тој сакал да присуствува на роденденот на својата девојка Софија и без страв се шетал низ Белград, го поминувал времето со Софија по ресторани со што о загрозил своето но и здравјето на сите околу него во време кога Србија прогласи вонредна состојба поради пандемијата на коронавирусот.

Како што пишува српски „Курир“, од свои извори дознава дека Јовиќ од карантинот во Мадрид избегал со приватен авион, а за тоа не го известил раководството на клубот.

Во Шпанија исто како и во Србија е прогласена вонредна состојба, а фудбалерите на Реал Мадрид се наоѓаат во задолжителен карантин и самоизолација бидејќи кошаркарот на „кралскиот“ клуб, Треј Томпкинс, е позитивен на коронавирус.

Глупоста на Јовиќ ја прокоментира премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, која изјави дека „неодговорните фудбалери кои во странство играат за милиони евра, ќе бидат цел на истражните органи“.