ХАН: Речиси сум сирурен дека спорот за името ќе се реши до јули годинава

170

Европската унија е „сосема сигурна“ дека Македонија ќе го реши долгогодишниот спор за името со Грција пред јули, изјави денеска во Софија еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан.

Запрашан дали спорот ќе биде решен до крајот на бугарското претседателство, што истекува во јуни, Хан одговори дека е „сосема сигурен во тоа“.

Тој во Софија учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ и државите кандидати.

Очекување дека спорот за името ќе биде решен и Македонија за време на бугарското претседавање ќе добие датум за почеток на преговорите со ЕУ, искажа и бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева. Таа се надева дека на состанокот на Европскиот совет во јуни ќе се донесе одлука за отворање на преговорите со Македонија.

– Имајќи го предвид развојот на настаните и разговорите кои се во тек, мислам дека има голема шанса тоа да се случи, рече Захариева на прес-конференцијата по состанокот во Софија.

За спорот меѓу Скопје и Атина за името, Захариева рече дека гледа политичка волја кај владите на двете земји за изнаоѓање трајно решение.