ХАШИМ ТАЧИ: Следната година е решавачка за Западен Балкан

7
Hashim_Thaci

Следната 2018 година може да биде решавачка за евроатлантската перспектива на Западниот Балкан и тоа ќе зависи од подготвеноста во регионот за надминување на отворените проблеми, оцени синоќа во Приштина косовскиот претседател Хашим Тачи. 

– Целосно работам на тој аспек, затоа што не мислам дека постои нешто поважно од мирот, помирувањето и добрососедските односи, изјави Тачи во обраќање на конференцијата „НАТО и Западниот Балкан: Регионалната динамика во ерата на глобални безбедносни предизвици“.

Тачи нагласи дека Косово е единствена држава на Западен Балкан која со формирањето на Комисијата за вистина и помирување започнала „дијалог за историско помирување меѓу Албанците и Србите“.

– Наспроти големата трагедија во текот на воените години, јас како претседател на Косово, но и останатите политичари од оваа земја, сакаме да го заклучиме поглавјето на непријателство со Србија, преку нормализација на односите по пат на дијалогот во Брисел, порача Тачи.

Тој нагласи дека верува оти во текот на следната година Косово и Србија ќе постигнат и ќе потпишат историски договор за нормализација и помирување,

Според него, Косово се соочува со парадокси од посебен вид, бидејќи без сомнеж е „најпроевропска, најпро-НАТО и најпроамериканска држава, но и натаму е најизолирана“.

– Косово е пример, не само во овој дел на Европа, за меѓуверска и меѓуетничка толеранција, но за жал се уште не сме членка на УНЕСКО поради политичките бариери на Србија и останатите земји, кои го злоупотребуваат УНЕСКО за политички цели, изјави Тачи.

Тој додаде дека Косово е „шампион во регионот во борбата против насилниот тероризам и покрај фактот што е оставено на страна и се уште не е членка на Интерпол“. 

Тачи нагаси дека верува оти ќе обезбеди поддршка во косовското Собрание за промена на Уставот и дека во партнерство со САД и НАТО, Косово ќе успее да формира свои Вооружени сили.

– Наша цел е да бидеме дел од Партнерството за мир и да се зачлениме во НАТО, истакна Тачи во обраќањето.