Холандија денеска одлучува за почеток на преговорите на Северна Македонија и Албанија со ЕУ

671

Дали Албанија и Северна Македонија ќе ги почнат преговорите за приклучување во Европската Унија, зависи од Холандија, објави денеска холандската телевизија НОС.

Холандскиот парламент попладнево ќе расправа за проширувањето на Унијата со приклучувањето на овие две земји.

Германскиот парламент неодамна одлучи да почнат преговорите, но постави неколку услови што треба да ги исполнат двете земји, меѓу кои обезбедување на подобро функционирање на судството, како и ефикасна борба против организираниот криминал.