ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК: Св. апостол и евангелист Јован

232
Sv_Arhangel_crkva

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 8 мај. За христијаните денеска е Св. апостол и евангелист Јован.

Споменот на свети Јован Богослов се празнува во месец октомври. А на денешен ден, 21 мај (8. по стариот календар) уште од првите векови се празнува споменот на благодатните чуда што се случуваа на гробот на свети апостол Јован. Црковните песни што се пеат на денешен ден се составени во осмиот век од свети Јован Дамаскин и од цариградскиот патријарх Герман.