Ким му ја честиташе изборната победа на Путин

101

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун денеска му го честиташе реизборот на рускиот претседател Владимир Путин изразувајќи уверување дека ќе продолжат да се развиваат и зајакнуваат пријателството и билатералната соработка, објави денеска севернокорејската новинска агенција КЦНА.

– Вашиот реизбор за претседател е доказ на големата поддршка и доверба од народот, се посочува во телеграмата на Ким до Путин.

Путин на претседателски избори одржани во неделата победи со освоени 76,7 отсто од гласовите.