ХУМАНИТАРЕН МОТО-СОБИР ЗА ФИЛИП ФИЛИПОВСКИ ВО НЕДЕЛА ВО НАСЕЛБА ИЛИНДЕН

126

На 14. април (недела) со почеток од 14 часот ќе се одржи ХУМАНИТАРЕН мото – собир во Илинден организиран од Мото групата „ЗЛАТНИ ЛИСИЦИ“.

Организаторите на настанот информираат дека секој што сака да присуствува со својот мотор на настанот ќе треба 100 денари, пари кои ќе одат за повредениот Филип Филиповски кој беше прободен со нож пред дискотека во скопско Марино.

Филиповски остана без бубрег и без слезина при нападот.

„Апелираме до сите оние кои се подготвени во името на слободата, добрата волја и хумана свест да дојдат и дадат свој допринес на овој настан. Сите собрани средства ќе биде донирани на семејството Филиповски“ – информираат организаторите на собирот.

Собирот ќе се одржи на паркингот кај градинката во населбата Илинден во Скопје.