Царовска: За фирмите ќе има санкции, итно да се исплатат платите

80

ирмите кои зеле субвенции за плати итно да им ги исплатат парите на работниците, порача вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, одговарајќи на новинарско прашање што ќе преземе Владата за фирмите кои ја злоупотребиле државната помош за ковид-кризата.

Таа рече дека се разледуваат правните можности зa овие фирми да бидат санкционирани.

„Платите итно треба да се исплатат на работниците, треба да се покаже одговорност од нивна страна, ова е голем пропуст којшто е направен и секако дека санкционирање на фирмите ќе се случи. Во моментов Генералниот секретаријат на Владата ги разгледува правните можности, се покренуваат сите елементи коишто се можни и за истото наскоро ќе бидете известени“,

рече Царовска.

Владата вчера објави список од фирми кои што ја злоупотребиле државната помош. Станува збор за за 708 компании кои за април и мај зеле околу 385 000 евра од државата за субвенции на платите, но не им ги исплатиле на нивните вработени.

Од Владата најавија дека ќе побараат од Обвинителството покренување постапка за утврдување кривична одгворност против одговорните лица во компаниите.

Дел од фирмите под притисок на јавноста почнале да ги исплаќаат платите за работниците, а синдикалните организации побараа кривична одговорност и најстроги санкции за сите кои ја злоупотребиле помошта од државата.