Циндриќ е МВП на Ф4 во СЕХА лигата

131
Luka_Cindic

Организаторот на играта на Вардар, Лука Циндриќ го доби признанието најкорисен ракометар на Ф4 турнирот од СЕХА лигата во изборот на новинарите.

Од можните девет индивидуални признанија, старо-новиот СЕХА шампион освои пет.

Во „Ол стар“ тимот се најдоа четири играчи на Вардар:
голман: Арпад Штербик (Вардар)
лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)
лев бек: Домагој Павловиќ
десно крило: Златко Хорват
десен бек: Зига Млакар
среден бек: Лука Циндриќ (Вардар)
пивотмен: Вјачеслав Шумак.
одбранбен играч: Илија Абутовиќ (Вардар)
МВП: Лука Циндриќ (Вардар).

Завршниот турнир се одигра во Скопје, а заврши синоќа со триумф на македонскиот и европски првак Вардар.