ЦИНДРИЌ: Никој од нас не зборува за новите клубови, сите сакаме нови успеси со „Вардар“!

122
Luka_Cindic

Вардар“ вторпат успеа да обезбеди директен пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите, каде за противник ќе го чека подобриот од „Пик Сегед“ и „Кил“. 
Тимот е веќе  видиливо променет, а и дел од ракометарите веќе имаат потпишано договори со други екипи, сепак во моментов тоа не се одразува врз играта.

Тоа го потврдува и Лука Циндриќ кој открива за што се зборува во соблекувалната по и пред натпреваррите.

„За нашата иднина никој не зборува во соблекувалната. Сите сакаме со успех да ја завршиме ерата во „Вардар“. Нашите мисли се насочени само кон настапите на овој клуб, а не кон клубовите со кои потпишавме“, изјави Циндриќ за „Балкан-хендбол“.

Што се однесува до противникот во четвртфиналето, бекот вели станува збор за две квалитетни екипи, но ако се земат мечевите од претходно, во тој случај „Вардар“ секогаш играл добро против германските тимови.

„И ПИК Сегед и Кил се врвни екипи, знаеме дека овој двомеч ќе го решаваат детали. Можеби тоа не мора ништо да значи, но во минатото подобро играме со германските екипи. Но, ние ќе го прифатиме високиот влог и се надеваме на пласман на Ф4“, вели Циндриќ за „Балкан-хендбол“.

Македонскиот тим покрај успехов во Лигата на шампионите обезбеди и пласман во финалниот турнир на СЕХА лигата, која оваа сезона ќе се игра на македонско тло, во салата „Јане Сандански“ од 13 до 15 април.