МАКРОН „ШКРТА“ ЦРВЕНА ЛИНИЈА: Ќе ја нападнеме Сирија доколку користела хемиско оружје

21
Sirija_armija

Францускиот претседател Емануел Макрон се закани дека ќе ја нападне Сирија, доколку се докаже дека сириската Влада користела хемиско оружје врз цивили.

– Ќе удриме на местото од кое е лансирано (хемиско оружје) или каде што било организирано, изјави Макрон.

Сепак, тој потенцираше дека француските разузнавачки служби засега не пронашле доказ дека било употребено забранетото хемиско оружје.

Макрон нагласи дека употребата на хемиско оружје е „црвената линија“ за неговата Влада.