ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ НА ЧЕКОР ДО ПРВО МЕСТО: „Вардар“ вечерва игра против „Целје“

98

Ракометарите на „Вардар“ вечер го пречекуваат словенечкиот претставник „Целје“ во дуел од регионалната СЕХА лига.

„Црвено-црните” имаат обезбедено пласман на Ф4 турнирот, но со евентуална победа ќе биде многу близу до освојување на првото место.

-„Целје“ е добра екипа со млади играчи, и играчи кои исто така имаат искуство. Натпреварот е тежок, зашто тие играат брз центар. Треба да се биде спремен на таквата игра. Очекувам добар натпревар. Ние имаме стабилност и треба да играме добро, но и да се искористи мечот, да се чувствуваме подобро и да се воиграме подобро, изјави тренерот на „Вардар“, Раул Гонзалес.

Почетокот на натпреварот е 20:45 часот.

За „Вардар“ и „Целје“ ова ќе биде четврти натпревар во СЕХА лигата, а досега македонскиот првак трипати бил подобар.