Црногорскиот премиер Марковиќ во Косово

22

Црногорскиот премиер Душко Марковиќ од денеска е во дводневна официјална посета на Косово.

Марковиќ требаше да пристигне во Косово на 6 февруари, но посетата тогаш беше одложена бидејќи неговиот авион не можеше да слета на приштинскиот аеродром поради густата магла.

Марковиќ попладнево треба да пристигне на меѓународниот аеродром „Адем Јашари“ во Приштина, каде ќе го пречека косовскиот вицепремер Фатмир Лимај.

Предвидено е Марковиќ да има средба со неговиот домаќин, косовскиот премиер Рамуш Харадинај, а утре да се сретне и со спикерот на Парламентот Кадри Весели и со претседателот на Косово, Хашим Тачи.

Марковиќ ќе има средба и со претставници на црногорското малцинство во Косово.

Косовските медиумите наведуваат дека се очекува неговата посета да стави крај на прашањето за демаркацјата на границата меѓу двете земји.

Марковиќ неколкупати изјави дека за Црна Гора прашањето за демаркација на границата е „завршена работа“.