Четири грешки кои ги правите кога ги користите паметните телефони

179

Можеби го чувате телефонот покрај креветот за да ви биде блиску кога ќе заѕвони алармот или за да го следите квалитетот на сонот. Имено, мобилниот телефон за време на спиењето и во текот на денот ви прави повеќе штета отколку што мислите. Ова се најчестите грешки кои ги правите при користењето на мобилните телефони.

Спиете со телефонот до вас. Мобилниот телефон во суштина е електромагнетен приемник и емитува радиобранови. Иако тоа уште не е докажано, истражувањата и понатаму покажуваат како брановите можат да влијаат на вашиот мозок при подолга изложеност. Во најмала мера, може да се разбудат известувањата додека спиете. Ако не сте во можност целосно да го исклучите телефонот, чувајте го во авионски режим.

Премногу сте изложени на сината светлина. Светлината од екранот на телефонот го потиснува мелатонинот, односно хормонот кој го регулира вашиот циклус на спиење. Тоа е уште една причина поради која не треба да го држите телефонот во близина додека спиете. Сината светлина, исто така, предизвикува главоболка и проблеми со очите и видот.

Контакт со кожата. Постојат неколку истражувања кои се базирани на поврзаноста меѓу употребата на смартфони и појавата на рак на кожата. Имено, сигналот на пренос изнесува околу 900 MHz, поради што телефонот се загрева. Вашата кожа лесно ја апсорбира топлината секој пат кога мобилниот телефон го чувате блиску до телото. Наместо тоа користете слушалки или звучник додека разговарата за да не го допирате телефонот.

Гледањето во екранот води до лошо држење на телото. Премногу честата употреба на телефонот доведува до повреда на палците. Освен тоа, води до сотојба наречена „текстуален врат“. Како што кажува и самото име, кога го наведнувате вратот нанапред за да погледнете во екранот, стресот врз вратните прешлени се зголемува. Како што поминува времето, тежината која ја носи вашиот врат може да биде пет патри поголема од реалната тежина на главата.Тоа предизвикува болки во вратот.