ЧИСТА ЉУБОВ: Дизајнерката Сара Реџиќ се надмина себеси (ФОТО)

570

Пропратена со силни овации и сите на нозе, вака беше поздравена модната дизјанеркта Сара Реџиќ по завршувањето на нејзината модна ревија во рамките на Моден викенд Скопје.

Ревиите на Реџиќ за мене секогаш биле момент на возбуда, релаксација и инспирација и да,  не издржав, а да не станм на нозе и не ги штедев дланките за аплауз.Овојпат се надмина самата себе беше она што го помислив , но и го слушнав од пријателките до мене.

Сара не опсипа сите со чиста љубов, не само со тоа што ја нарече колекцијата „Pure love“ ( Чиста љубов) туку и со тоа што нè натера да се затрескаме како тинејџери кои за прв пат чувствуваат пеперутки во стомакот во нејзините парчиња.

Препознатливи кроеви за брендот „Сара Џ“, но  во позрела форма, стилски и уметнички, дефилираа пред присутните на урбано-асфалтната писта во Европскиот универзитет.

Во првиод дел од ревијата доминираше сивата боја извајана во комотни креации кои изобилуваат од сексапил,  за да на крајот шоуто заврши со весли цветни и лелеави макси-фустани. Моделите беа надополнети со  гобленски и рачни плетки кои се веќе асоцијација за Сара. Везот како заштитен знак повторно креативно сместен како моден додаток на креацијата. Да, кога носиш модел на Сара Реџиќ поштеден си од тоа да мислиш на  детали, таа се грижи за целокупниот изглед на една жена.

„Сите креации се изработени од природни материјали, а наменети се за секоја девојка и жена што сака весели бои и шаренило“, вели дизјанерката.

А јас ќе речам , модната интелигенција која што таа умее да ја напише преку своите колекции умеат да ја прочитаат само жените со слух предалеку од трендовски аутфити, а многу блиску до индивидуалното стилско освестување. Е токму овие жени се вистинските кои ќе знаат зошто одбрале парче на Реџиќ.