ЧУВАРИ НА МРЕЖАТА: Штербик во најдобрите пет голмани (ВИДЕО)

11

Голманот на Вардар Арпад Штербик повторно се најде во изборот на ЕХФ ТВ меѓу најдобрите пет одбрани во 7. коло од Лигата на шампионите.

„Вардар“ во саботата како гостин го победи „ППД Загреб“ со 29:23, Штербик имаше голема заслуга за овој резултат со 17 одбрани. Две од нив беа во ист напад на хрватскиот првак и не останаа незабележани од ЕХФ.

Петте најдобри одбрани на колото, меѓу нив и на Штербик можете да ги погледнете на следниов ЛИНК.