Шарапова елиминирана на старт

161
Maria-Sharapova

Тенисерката Марија Шарапова го заврши настапот на мастерс турнирот Индијан Велс уште во првото коло откако загуби од Наоми Осака.Шарапова првпат по 2015 година настапи на престижниот турнир во Индијан Велс, но помина неславно.

Во првото коло загуби од јапонската тенисерка Наоми Осака со 6-4 и 6-4.

Јапонката во следното коло ќе игра против Агњешка Радванска која беше слободна во првото коло.