Шеќерот ве прави стари, грди и дебели?

46

Вкусот на шеќерот е еден од поомилените на светот, па секогаш барате уште. Доколку сте еден од оние луѓе кои просто не можат да престанат да јадат шеќер, треба да започнете „детоксикација“ која ќе ве спаси од таа зависност.

– Од шеќерот станувате грди, стари и дебели, образложува накусо нутриционистката Брук Алперт, истакнувајќи дека голем број луѓе воопшто и не внимаваат на исхраната и здравјето.

Најлесен начин за ослободување од таа зависност е тридневна исхрана без нималку шеќер, па дури и без овошје и зеленчук што содржи јаглено-хидрати. Од напивките, дозволено е само вода, чај и кафе, секако – без шеќер. Не смеете да користите ниту вештачки засладувачи.

Така, ќе се ослободите од навиката на сладок вкус. Подоцна ќе уживате во природната слаткост на овошјето, што ќе ви ја намали прекумерната потреба од шеќер.