Јавна расправа за Стратегијата и Акцискиот план за отворени податоци

532

Министерството за информатичко општество и администрација денеска организира јавна расправа за Стратегијата и Акцискиот план за отворени податоци.

Според програмата, предвидено е да се обратат министерот за информатичко општество и админитрација Дамјан Манчевски и заменик-амбасадорот на Велика Британија Пол Едвардс.

Изработката на Стратегијата за отворени податоци е подржана од Британската амбасада во Скопје, во рамки на проектот: „Поддршка на процесот на реформи на јавната администрација“, имплементиран од Центарот за управување со промени.