ЈАНЕВА ПОБАРА ЈАВНОСТА ДА ГИ СЛУШНЕ СИТЕ СНИМКИ ЗА ДА СЕ ВИДИ КОЈ МАНИПУЛИРА И СЕ СКАРА СО РУСКОВСКА

963

Пред наредниот блок приватни снимки на Орце Камчев, обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска побара за третата папка да биде исклучена јавноста, зашто во неа имало приватни разговори.

Но, Катица Јанева негодуваше и побара збор.

„„Јас ќе кажам нешто во име на сите од одбраната. Бараме да не биде исклучена јавноста. Цело УСБ од Кичевскиот да се презентира. Да се види кој манипулира, кој нуди рекет, кој нуди поткуп, кој е изманипулиран““, рече таа.

Во „Рекет“ Русковска ги предложи сите снимки на Камчев од телефонски разговори, кои сам си ги снимал. Обвинението не се базира на овие разговори, туку на материјалните докази кои беа презентирани во неколку судски рочишта.

Јанева е упорна да се изведат сите докази и новинарите да останат внатре, а Русковска остана на тоа дека се чувствителни. Судијката Васка Николовска Масевска рече дека судот треба да се грижи за зачувување на приватноста и оти таа ќе одлучи.

Јанева ѝ викна на Русковска: „Обвинителството треба да ги изведе сите докази. Требало да мислите на тоа кога сте ги предлагале. Во спротивно се крши законот!“

„Вие да мислевте, немаше денес да бидеме во оваа судница!“, ѝ врати Русковска.

„Вие да не го монтиравте случајов, немаше да има судење“, викна Боки од место.

ОРЦЕ ПОНУДИЛ ДА ОДНЕСЕ ЛЕКАРСКИ ТИМ ВО „8 СЕПТЕМВРИ“ ЗА ДА ЈА ОПЕРИРААТ КАТИЦА, СЕ СЛУША ВО ПРИВАТНИТЕ РАЗГОВОРИ НА ОСОМНИЧЕНИОТ ВО „ИМПЕРИЈА“
БОКИ ГО УБЕДУВА ОРЦЕ ДА БИДЕ ВТОР СОРАБОТНИК ОД ОСОМНИЧЕНИТЕ ВО „ИМПЕРИЈА“, ПРВИОТ НЕ МУ ГО ОТКРИВА, ВО СНИМКА ПУШТЕНА НА „РЕКЕТ“
ОРЦЕ МУ СЕ ЖАЛИ НА БОКИ ДЕКА БРАТОТ НА ЖЕНА МУ Е ОСОМНИЧЕН ВО ИСТРАГА ЗА ПРОПАЃАЊЕТО НА МПМ, СЕ СЛУША ВО СНИМКА НА „РЕКЕТ“
Нападот врз Русковска го прекина судијката.

„Јас ќе одлучам како ќе биде, а ако некој не е задоволен, ете му основ за жалба. Немојте да ме терате да ве исклучам од судница!“, рече судијката Николовска Масевска.

По ова продолжи судењето со преслушување приватни снимки од Зоран Милевски – Кичевскиот.

И тој снимал.