Јанева се враќа во затворот во Шуто Оризари

1109

СКОПЈЕ – Второобвинетата во случајот „Рекет“- поранешниот шеф на СЈО Катица Јанева, денеска ќе биде вратен во затворот „Скопје“ во населбата Шуто Оризари.

Таа беше хоспитализирана во четвртокот со влошена здравстне асостојба и висок притисок. нејзините адвокати тврдеа дека таа е во прединфарктна состојба.

По четири дена испиртување и лекување нејзината состојба сега е стабилна.

Истиот ден кога таа беше хоспитализирана, Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвиненјие за случајот „Рекет“ во кое Јанева се товари за злоупотреба на службената положба и овластување. Доказите собрани во истрагата покажаа дека таа добила 50 илјади евра и мебел вреден уште пет илјади за да ги смени одлуките во корист на осомничениот во истрагата на СЈО – „Имеприја“, а жртва во случајот „Рекет“, Орце Камчев.

Неделава треба да се донесе одлука дали притворот на Јанева ќе биде продолжен или заменет со куќен како што бара нејзиниот адвокатски тим и за што беше доставена гаранција во недвижен имот – три стана.