Јанушев: Дивата депонија во Ѓорче Петров е уште еден доказ за неспособната влада

158

Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, денес беше во посета на општина Ѓорче Петров. Тој даде изјава во една дива депонија којашто се наоѓа само на еден километар од населените места во општината Ѓорче Петров.

Додека тој ја држеше својата прес-конференција, во позадина се расфрлаше отпад, што е доказ за обвинувањата кои ги искажа.

-Ова е уште еден доказ за неспособната влада и неспособноста на министрите во владата предводена од Заев и СДСМ којшто за жал на сите граѓани во оваа држава донесуваат само црнила. Покрај игнорирањето и одењето спротивно на волјата на македонскиот народ, со игнорирањето на резултатот од последниот референдум, со насилничкиот и противправен обид за промена на Уставот, со разобличувањето на македонската држава во сите пори се продолжува со разобличувањето и уништувањето коишто ги тиштат македонските граѓани. И денеска имаме пример да видиме како секојдневните проблеми и теми коишто ги тиштат сите граѓани на Република Македонија всушност како е тоа сето во реалноста. Овде во дивата депонија во Ѓорче Петров, иако имавме предизборно ветување дека ќе се уреди кејот покрај реката Лепенец и овде дека ќе никнат разни содржини од рекреативен и спортски карактер, сепак и после повеќе од година дена немаме апсолутно никаква реализација на еден од тие проекти. Исто така би сакале да ги потсетиме граѓаните на општина Ѓорче Петров дека се ветуваа и градинки и кружен тек во Волково, нова амбуланта во Дексион, спортска сала во Хром, пазар во Даме Груев, нов трговски центар, нов музеј на современа уметност, нов театар, нов мултимедијален центар, потенцира Јанушев.
Тој посочи дека согледал дека единствено што знаат да прават СДСМ и Зоран Заев е да ја лажат македонската јавност и македонските граѓани бидејќи, како што рече, се неспособни и единствено што носат во животите на македонските граѓани се црнилата.

-Меѓутоа исто така би сакал да потсетиме и за 7 милјарди евра од буџетот којшто го потрошија во изминатите две години, без притоа да вложат ниту еден денар во борба против аерозагадувањето. Единствено што видовме е како Макрадули спие во Собрание, а Шилегов игра игрици на својот мобилен телефон и всушност тоа е еден доказ, една добра слика како власта функционира и кој е нивниот однос кон граѓаните на Република Македонија. Од друга страна граѓаните се се посиромашни, додека трошоците за живот се се поголеми. Младите се иселуваат, иако ветуваа дека ќе ги вратат младите во државата, меѓутоа не само што не вратија никој, туку дополнително иселувањето се зголемува и тоа буквално од сите краишта во државата. Ветуваа економски бум и инфраструктурна експанзија. Ветуваа шесто километри автопат, петстотини и педесет километри магистрални патишта и илјада и сто километри локални патишта. Меѓутоа единствено што видовме се илјада, меѓутоа но, не километри туку метри направен пат. Не постои ни П од правната држава. Владее политичко судство и обвинителство. Заев и СДСМ наредуваа кој, колку и кога ќе биде осуден. Полицијата служи исклучиво за прогон и терор и пресметка со политичките противници. Да потсетиме дека откако Спасовски е министер имаме девет неразјаснети убиства. Исто така уште еден факт којшто говори односно ги поткрепува последните тези е дека годинава за 41% е зголемен бројот на граѓани кои се жалат на правосудниот систем во споредба со минатата година. Лани на ова се пожалиле 576 граѓани, а годинава таа бројка е порасната на рекордни 811. Според народниот правобранител за 60% повеќе поплаки има за правата од областа од работните односи, за имотните односи за 37%, за насилството и негрижата на децата за 25 %, истакна Јанушев.