Јанушев до власта: Не кратете од работниците и баталете го популистичкиот PR

222

Порака до власта – во овие 29 години поминавме низ транзиција, криминална приватизација, воен конфликт, светска економска и европска должничка криза … и никогаш, ама апсолутно никогаш немаше кратење на пари на работниците, односно на граѓаните на Република Македонија, затоа баталете го популистичкиот PR и посветете се на здравствениот систем и економијата.

Бараме под итно да се примени антикризниот план кој го предлагаме, а кој се состои од 8 чекори, и тоа:

1. Државата да покрие до 50% од бруто трошоците за вработените, по основ на нето плати и придонеси, а не само нето плати како што предлага СДСМ,

2. Целосно да се замрзнат плаќањата на рати по основ на отплата на главнина и камати на граѓаните и бизнисот кон банките и заемодавателите,

3. Владата да се откаже од непродуктивните трошоци од буџетот и безусловна и интензивна реализација на капиталните инвестиции,

4. Владата да го покрие транспортниот сектор со укинување на плаќањето на патарина и царински давачки, како и да донесе одлука за укинување на сите давачки – царински и даночни за набавка на здравствени маски, медицински препарати и уреди потребни за справување со корона вирусот,

5. Аконтацијата на данокот на добивка за месеците април, мај и јуни да биде одложена, но истото ова треба да се примени и за ДДВ за месец март кој се плаќа до крајот на месец април за дејностите погодени од кризата,

6. Итно и целосно прекинување на непродуктивните трошоци за времени вработувања,

7. Да не се прави “урамниловка” помеѓу платите на функционерите со платите на работниците во администрација и

8. Веднаш да се обезбедат 1 милијарда евра за да нема негативни последиците врз компаниите и стандардот на граѓаните, од кој 600 милиони преку средства од Светска банка, ММФ и странски банки, и 400 милиони евра преку државни хартии од вредност кои ќе ги издаде Министерството за финансии, со претварање на пасивниот капитал во актива.

Ова го напиша на Фејсбук генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Порака до власта – во овие 29 години поминавме низ транзиција, криминална приватизација, воен конфликт, светска…

Posted by Igor Janushev on Tuesday, March 24, 2020