Јанушев: Меѓународната заедница е запознаена со сите скандали на власта на СДСМ

136

Доколку имаме мнозинство потребно во Собранието на Република Македонија за промена на уставот, да, ќе го направиме тоа. Дококу имаме 80 пратеници и доколку имаме Бадентерово мнозинство, ќе го направиме тоа. Има една добра работа којашто професорката Силјановска ја говореше во текот на кампањата, ние не сме варвари и нема да земеме чекан и да ги уриваме плочите коишто ги ставија на новите институции, меѓутоа ние ќе ја продолжиме борбата. Нашиот став да не се согласиме и да го сметаме за капитулантски Договорот со Грција, останува непроменет и ќе ги користиме сите средства, домашни и меѓународни во склоп на законите за да пробаме нешто да промени. Дали и кога ќе успееме, тоа само времето ќе ни суди, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во емисијата „Трилинг“ на телевизија 24.

Јанушев рече дека пред меѓународните фактори како партија го велат истото она што го говорат и пред јавноста, а тоа е дека власта на СДСМ има направено многу криминали во однос на незаконските тендери, апсењето на новинари, но и за проблемите на вработените во јавната администрација кои ја поддржуваат ВМРО-ДПМНЕ, а трпат преместувања од страна на СДСМ, како и за предлог законот за јавни собири. Тој рече дека претставниците на меѓународната заедница се согласуваат со ставовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-За Јавното обвинителство е должност и обврска да го истражат тој криминал. За жал тие луѓе таму, мислам дека за џабе ја земаат платата бидејќи ништо не работат во однос на откривање на криминалот и корупцијата, дециден беше генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.