Јапонија и Јужна Кореја притискаат за денуклеаризација на Северна Кореја

165

Јапонскиот министер за надворешни работи Таро Коно и јужнокорејскиот пратеник Сух Хун, кој претходно овој месец се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, се согласија дека треба да се задржи притисокот врз Северна Кореја се додека не преземе конкретни чекори за денуклеаризација.

– Се согласивме дека нема да ги правиме грешките од минатото и дека ќе продолжиме со максимален притисок врз Северна Кореја со цел укинувањето на нејзината нуклеарна и ракетна програма да стане реалност, рече Сух.

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот јужнокорејски колега Мун Џае-ин се согласија да се сретнат со Ким во следните месеци.