ЈАПОНИЈА: Се урна американски авион, пилотот се катапултирал

209

Пилотот успешно се катапултирал од американски борбен авион Ф-15, кој падна во морето, недалеку од брегот на Окинава во јужна Јапонија, јавија јапонските медиуми.

Авионот полета од воздухопловната база Кадена.

Авионот бил денеска на рутински лет, кога се случил инцидентот, соопшти американската армија во Јапонија.

Причината за падот се истражува, се вели во соопштеието на американската војска.