ЏАФЕРИ ЗА ТВ 24: АВТЕНТИЧНОТО ТОЛКУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПОМИЛУВАЊЕ ПРЕД ПРАТЕНИЦИТЕ НАЈРАНО НА 11 ДЕКЕМВРИ

87

Автентичното толкување на законот за членот 11 од Законот за помилување, нема пред 11 ти декември да се најде пред народните избраници, вели за тв 24 собранискиот Спикер Талат Џафери. Џафери вели дека има процедура која мора да се испочитува, а е комплексна. Но, и дека во моментов во Собранието се одржува комисиската расправа за буџетот за 2020 година која е врзана со рокови и мора да помине. На денешната координација пратениците воопшто не го отвориле тајмингот. Извори од состанокот кај собранискиот Спикер,  велат дека Џафери само им ги кажал парвилата за постапување со автентично толкување, односно дека за него треба да стигне мислење од Влада пред да се формулира предлог на матичната Комисја, во случајот законодавно-правна. Според информациите на тв 24, никој од присутните, меѓу кои и предлагачите,  немал дополнителна интервенција или став околу итноста на барањето. Од опиозициајта велат дека симптоматично е што тие се уште не го виделе барањето на СДСМ, за кое нивниот лидер најави поддршка. Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски вели дека според него е чудно што СДСМ бара автентично толкување на членот 11, а не на 11а, кој го спорат сите експерти. Најави дека неделава ќе стигне и нивниот предлог за одложено гласање на ратификацијата за НАТО, а побара колегите да се изјаснат и за предлогот за аболицирани политичари да не можат да вршат политичка функција. Поддршка за автентичното толкување стигна и од албанската опозиција.