10 факти за стресот кои можеби не сте ги знаеле

92

Ретко кој може да го избегне стресот во текот на животот, бидејќи тој е составен дел од секојдневието на модерното општество.

Сепак, треба да се обидете што повеќе да го избегнувате и да се справувате со него на полесен начин.

Можеби за тоа би ви помогнале неколку интересни факти за оваа појава, или пак, би ви дошло добро да го дополните општото познавање.

Прочитајте неколку факти за стресот кои можеби не сте ги знаеле, а веруваме дека ќе ве натераат малку повеќе да се опуштите:

1. Топ 5 причинители на стрес кај луѓето се – парите, работата, семејните обврски, грижите за личното здравје или на блиските и економијата.

2. Земјите со највисок процент на стрес се Нигерија, Јужна Африка, Ел Салвадор, Монголија и Гватемала.

3. Децата можат да го наследат стресот ако нивните мајки се соочуваат со значителен стресен период додека се бремени или веднаш по породувањето.

4. Жените и помладите генерации се соочуваат со многу повеќе негативен стрес, отколку мажите и повозрасните луѓе.

5. Чоколадото и какаото можат да го намалат нивото на стрес, благодарение на состојката одговорна за ефект на релаксација.

6. Смеењето исто така помага при ослободувањето од стрес, ги релаксира мускулите и помага при ослободување од болки – кои може да се ефекти од стрес.

7. Луѓето кои се соочиле со некој вид на траума во животот, се помалку стресни, имаат помалку пост-трауматски стрес симптоми и имаат повисоко задоволство во животот, од оние кои немале негативни случувања во животот.

8. Мит е дека стресот може да ја направи косата сива, но вистина е дека може да придонесе за нејзино опаѓање.

9. Топ 5 најстресни професии се – воено лице, пожарникар, пилот, полицаец и организатор на настани.

10. Стресот се нарекува и тивок убиец бидејќи се поврзува со минимум 6 причини за смрт.