16 дена активизам против родово базираното насилство

78

Со Меѓународниот ден против насилството врз жените и девојчињата, вчера започна глобалната кампања 16 Дена активизам против родово базираното насилство.

Како симбол на оваа глобална кампања на Обединетите нации, протокаловата боја е аларм кој посочува на подигање на свеста за овој сериозен проблем со кој се соочува модерното општество.

#HearMeToo е повик да се слушнат сите жртви и да се прекине насилството врз жените и девојчињата.
Националната СОС-бесплатна мобилна линија за жртви на семејно насилство 141 700, како сервис за помош и поддршка на жените жртви на насилство, активно се вклучува во кампањата на Обединетите нации „16 дена активизам против родово базирано насилство”. Почнува на 25 ноември, а завршува на 10 декември.

Со цел зголемување на пристапот на услуги и информираност на жртвите, како и целокупната јавност за овој општествен проблем, Националниот совет за родова еднаквост активно ќе се вклучи и активира на социјалните мрежи („Фејсбук”, „Твитер”, „Инстаграм”) со цел поголема информираност на сите за насилството, информирање на жртвите за видовите насилство како да излезат од сенката во која живеат, како да го пријават насилството.

За таа цел веќе една година функционира фејсбук-страницата „Излези од сенката – DIL NGA HIJA” и групата „Заедно можеме – Së bashku mundemi”.

Во рамките на националниот совет за родова рамноправност функционира и СОС-линијата 141 700, која овозможува поддршка на жртвите на насилство преку информирање, упатување и психолошко советување, ја запознава жртвата со нејзините права, можности и видови поддршка, посредува помеѓу жртвата и полицијата, центрите за социјална работа и други расположливи ресурси за помош во општината во која живее.

Да ставиме крај на насилството врз жените и девојчињата!

#СлушниЈа!
#HearMeToo
#16Days
#orangetheworld