25-годишната пејачка позитивна на коронавирус: Одев само до продавница (ФОТО)

944

Младата американска кантри-ѕвезда Кали Шор на социјалните мрежи откри дека се заразила со коронавирусот и покрај тоа што од дома излегувала само за да оди до маркет.

25-годишната пејачка на Твитер напиша дека успеала да се зарази со коронавирусот и покрај тоа што три недели поминала во карантин, при што повремено одела по намирници.

„Се чувствувам значајно подобро, но тоа е доказ колку и ова е опасно и заразно. Бескрајно е фрустрирачки да гледаш како луѓето ова не го сфаќаат сериозно“, додала Шор, која на Инстаграм има повеќе од 42.000 следбеници.

Младата пејачка, најпозната по песната „Lullaby“, открила дека најлошо се чувствувала првите неколку денови.

„Првите днови беше апсолутно ужасно. Никогаш претходно не сум се чувствувала така. Ме болеше целото тело, а грозницата беше како да ме носи бран. Целосно го загубив осетот за мирис и вкус“, напишала таа.

Откако еден корисник на Твитер ја нападна дека измислува дека е заразена, пејачката откри дека најлошо ѝ било пред една недела, а потврдата дека станува збор за коронавирусот ја добила вчера.