1753

Зденка Вучковиќ Жуниќ јавно се откажала од родената сестра, Северина Којиќ, пишува „Курир.рс“.

Хрватот вели дека никогаш нема да ѝ прости на пејачката што се омажила за Србинот Игор Којиќ. Сестрата на Северина не сака да оди на некој нејзин концерт и да ѝ подаде рака на помирување.

– Јас не присуствував на нејзиниот концерт во Сплит, ниту во Белград! Ниту пак ќе одам во Белград – рекла Зденка, која живее близу Задар. Нејзиниот сопруг веднаш се вклучил во разговорот.

– Тие две никогаш нема да се смират! Вие Србите не ни се јавувајте повеќе“, налутено рекол Здравко. Зденка сепак имала една порака за својата сестра: „Србите водеа војна против Хрватите! И Северина очигледно заборави дека е Хрватка, а тоа не се простува!“

Северина е во добри односи со другата сестра, Маријана Поповиќ, која живее во Белград, додека нема никаков контакт со Зденка.

– Не бевме на свадбата на Северина во Белград, како ниту на онаа во Истра – рекла Зденка.