EУ вели нема патување за Македонците – Грција сака да дозволи влез за нашите туристи?

48

Советот на ЕУ објави ажуриран список на трети земји чии граѓани имаат право да патуваат во ЕУ од 1 август, во кој повторно не е вклучена ниту една земја од Западен Балкан. На списокот на земји што не се членки на ЕУ, чии граѓани имаат право да патуваат, вклучуваат: Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај и Кина.

Додека ЕУ смета дека Македонија не ги исполнува критериумите на епидемиолошката состојба, мерките за заштита, вклучително и физичката оддалеченост, како и социјалните и економските параметри, нашиот јужен сосед Грција размислува и разговара да ја отвори границата за Македонците.

Тие традиционално се гости кои ги полнат плажите, па сега се размислува да се спаси делумно туристичката сезона. Грчката влада го разгледува прашањето поврзано со можноста за отворања на копнените граници за државјаните на соседните земји.

Ова е една од темите за кои денеска на видео-конференциски состанок разговарат премиерот Мицотакис со министерот за здравство и неговиот заменик, заменик-министерот за цивилна заштита, претседателот на Националната организација за јавно здравје како и шефот на експсертската комисија во Министерството за здравство на Грција.

Списокот на земји треба да се ревидира на секои две недели во врска со најновите епидемиолошки податоци, а Советот на ЕУ наведува дека ќе биде свикан итен состанок за време на летната пауза во август, доколку има драстична промена на состојбата во една од државите.