Koja e тајната на среќниот брак според Рајан Рејнолдс

284

Холивудските глумци Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли се во брак веќе шест години и, како што вели ѕвездата од „Дедпул 2“, тоа ќе трае доколку следат едно просто правило…

– Не дозволуваме нашата работа на филмовите да се поклопува. Тоа значи дека кога јас работам на некој филм, таа не работи и обратно, изјави Рејнолдс за списанието „Пипл“.

Се чини, Рајан е посентиментален од неговиот последен филмски лик, циничниот Дедпул, па натаму додава дека сето тоа е поради децата.

– Ние само сакаме да создадеме топло и среќно опкружување за нашите деца, истакнува тој.