Oтказ со стил: Отпуштениот директор на „Боинг“ заминува со отпремнина од 62 милиона долари

110

Директорот на компанијата „Боинг“, Денис Миленбург, кој е отпуштен поради кризата со боинговиот модел „737 макс’, ќе добие 62 милиона долари отпремнина. Миленбург беше отпуштен претходиот месец поради двата кобни пада на авионите „737 макс“ во кои лани загинаа 346 луѓе.

Миленбург ќе изгуби акции во вредност од 14,6 милиони долари, но има право на пензија и на бонуси во износ од речиси 62 милиона долари, соопштува компанијата „Боинг“, а пренесува СНБЦ.

По несреќите, авионите „737 макс“ беа приземјени, што кмпанијата ја чинеше повеќе од една милијарда долари, а тоа ја сопре и продажбата на нови авиони.