За нас

Информација, но и релаксација. Вака некако звучи кратката формула со чија помош дојдовме до решение на равенката „Како до квалитетна и интересна македонска веб-страница?“. „Х“ (за вас сè уште непознато) е еднакво на „Рипост“.

Содржински оваа веб-страница ќе изобилува со теми кои ќе ги црпиме од македонското секојдневие, политиката, економските проблеми и можните решенија, но и актуелности од регионот и светот. Со особено внимание ќе информираме за новостинастани и коментари кои се однесуваат на фрагментите што ја чинат уметноста, а со еден клик ќе стигнете и до најновите информации поврзани со технологијата и спортот.

Она што го прави „Рипост“ различен од останатите е сериозниот, аналитичен пристап, авторските текстови базирани на истражувања, но и погледот кон прозорецот наречен „креатива“ кој особено им придава значење на модата и дизајнерите.

Уживајте и читајте „Рипост“!